Кери: САД би сакале да му се вратат на нормалниот дијалог со Русија

На разговорите во Москва се успеа да се надминат противречностите кои постојат меѓу Русија и САД и ефикасно да се работи заедно, истакна Џон Кери по посетата на Русија.

Вашингтон би сакал да му се врати на нормалниот дијалог со Москва и постои напредок во таа насока, изјави државниот секретар на САД Џон Кери во интервју за телевизијата „Русија 24“, одговарајќи на прашањето дали САД и Русија му се враќаат на нормалниот дијалог.

Државниот секретар исто така истакна дека, без оглед на противречностите меѓу Москва и Вашингтон, тој и Сергеј Лавров можат продуктивно и ефикасно да работат заедно.

„Претпоставувам дека со шефот на МНР РФ Сергеј Лавров воспоставивме многу продуктивни односи и би можеле да ги заобиколиме противречностите и ефикасно да работиме заедно“; зијави Кери.

Кери беше во дводневна посета на Москва. Во четвртокот, 24 март, руско-американските разговори траеја околу осум часа и течеа во две етапи: првин имаше средба меѓу државниот секретар и шефот на руската дипломатија, а потоа Кери се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Клучни теми на посетата беа проблемите на сириското решение, борбата со тероризмот и Донбас.

Кери изјави дека претседателот на САД е подготвен да ги укине санкциите против Русија кога сите одредби од „Минската спогодба“ ќе бидат исполнети, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња