МНР РФ објави што очекува од посетата на Кери на Москва

Теми на разговорите ќе бидат политичкото регулирање во Украина, решавањето на сириската криза, ситуацијата на Блискиот Исток, во Северна Африка и во Авганистан, како и настаните на Корејскиот полуостров.

Министерството за надворешни работи на Русија смета дека посетата на Москва од страна на државниот секретар на САД Џон Кери ќе придонесе за нормализација на билатералните односи, „од атмосферата во која во многу нешта зависи општата клима на меѓународната сцена“, се вели во соопштението на сајтот на руското министерство објавено во саботата, 19 март.  

„Ситуацијата во руско-американските односи останува сложена. Серијата на конфонтативни потези преземени од Вашингтон под изговор на украинската криза, ѝ нанесоа силен удар на соработката. Русија континуирано укажува на потребата од почитување во односите на принципите на рамноправност, заемно почитување и немешање во внатрешните работи“.

Се истакнува дека теми на разговорите ќе бидат политичкото регулирање во Украина, решавањето на сириската криза, ситуацијата на Блискиот Исток, во Северна Африка и во Авганистан, како и настаните на Корејскиот полуостров.

Министерството соопшти дека Кери ќе престојува во рускиот главен град од 23 до 24 март, пренесува „Лента.ру“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња