Путин: Обвинителите лани открија над 5 милиони прекршувања на законот

Руските обвинители во изминатава година открија над 5 милиони нарушувања на законот, соопшти во средата претседателот на РФ Владимир Путин на колегиумот на Државното обвинителство.

„За изминатата година обвинителството активно ги исполнуваше своите основни задачи и со самото тоа даде значителен, забележлив влог во зацврстувањето на правните основи во животот на државата и општеството. Вкупно земено, беа откриени над 5 милиони прекршувања на законот“, соопшти Путин, пренесува „Взгљад“.  

Според неговите зборови, претставниците на обвинителството во 2015 година обезбедиле исплата на 25 милијарди рубли незаконски неисплатена плата.

Руското обвинителство во 2015 година открило 3,2 милиони прекршувања на правата и слободите на граѓаните, истакна шефот на руската држава на колегиумот на Државното обвинителство на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња