Путин бара од ФСБ поактивна борба против корупцијата и перењето пари

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја повика Федералната служба за безбедност на Руската Федерација поактивно да се бори со перењето незаконски средства и корупција, соопштува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја повика Федералната служба за безбедност на Руската Федерација поактивно да се бори со перењето незаконски средства и корупција, соопштува РИА „Новости“.

„Треба не само да се открива организираниот криминал и корупција, но и да се стават бариери за сите тие кои се обидуваат да ги легализираат незаконски стекнатите средства, да ги кријат на странски сметки, да ги инвестираат во недвижност и други активи. Барам од вас поактивна работа во овој правец“, изјави претседателот на Русија.

Путин, исто така, повика „поефективно да се искористат граѓаните кои сакаат да помогнат“. „Јавноста бара и чека резултати од работата во овој правец. Широката поддршка од општеството е најважен услов за ефективноста на антикорупциската борба“, додаде Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња