Пет и пол месеци операција на ВКС РФ во Сирија ја чинеа Русија преку 33 милијарди рубли, изјави претседателот на Русија Владимир Путин. Тоа значи дека еден час ангажман на руската авијација во Сирија рускиот буџет го чинеше 8,2 милиони рубли (операцијата траеше 167 дена, од 30 септември 2015 година до 14 март 2016).
Како што претходно објави магазинот „Пари“ (Деньги), еден ден од операцијата на руската авијација во Сирија, според процената на експертите, чини „исто или помалку“ од денот на одржувањето на големи маневри, како што е „Центар-2015“, а година дена операција во Сирија би ја чинела руската влада една милијарда евра.
Официјалниот курс на еврото тогаш беше 69,345 рубли, т.е. според проценките на стручњаците, половина година од сириската операција би требало да ја чини Русија околу 34 милијарди рубли, што не е далеку од бројката што ја објави претседателот на Русија, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче