Операцијата во Сирија го чинеше буџетот на Министерството за одбрана на РФ 33 милијарди рубли (464 милиони долари), изјави во четвртокот, 17 март, рускиот претседател Владимир Путин. Првично овие средства беа издвоени под ставката реализација на воени вежби и за борбена обука, но „ние едноставно ги пренасочивме овие ресурси за потребите на групата во Сирија“, објасни претседателот Путин. „Подобро е да се расходува ресурс во борба отколку на полигон“, додаде тој.
Претходно претседателот повеќепати изјави дека присуството на Воздушно-космичките сили РФ во Сирија „не бара огромни расходи за буџетот“ и подобри воени вежби од оваа операција „тешко може да се замислат“.
Руската операција во Сирија траеше 167 дена. На 14 март Владимир Путин објави повлекување на основниот контингент од Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче