Захарова ја кажа основната цел на посетата на Кери на Москва

Главна тема на претстојната посета на државниот секретар на САД Џон Кери на Москва ќе биде ситуацијата во Сирија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Засега работиме на посетата. Се разбира, основна тема на посетата на која работиме ќе биде посветена на Сирија, несомнено“, изјави таа во програмата на радиото „Зборува Москва“, пишува „Взгљад“.

Кери ќе ја посети Москва следната недела. Истовремено во вторникот функционер на Стејт департментот изјави дека причина за патувањето во Русија на државниот секретар на САД Џон Кери не претставува повлекувањето на ВКС од Сирија.

Исто така портпаролот на Стејт департментот Џон Криби истакна дека Кери планира да ја разгледа во Москва реализацијата на „Минската спогодба“ во врска со Украина.

Истовремено, од МНР РФ истакнаа дека ситуацијата во Сирија бара детални разговори меѓу Лавров и Кери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња