Путин нареди повлекување на главниот дел на руските сили од Сирија

Михаил Климентиев / РИА Новости
Шефот на руската држава Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу да почне од 15 март со повлекување на главните сили од Сириската арапска република.

 „Сметам дека задачите поставени пред Министерството за одбрана се исполнети во целост. Затоа наредувам од утре да се почне со повлекување на основниот дел од нашата воена група од Сириската Арапска Република“, изјави Путин.

Како што истакна тој, пред повлекувањето Вооружените сили на РФ треба да организираат сигурна заштита на пунктовите за постојано базирање на руските вооружени сили во пристаништето Тартус и во авиобазата Хмејмим, кои ќе продолжат да функционираат во претходниот режим.

„Дел од нашата воена група се наоѓаше в Сирија традиционална многу години наназад, а денес треба да изврши многу важна функција на контрола на прекинот на огнот и создавање на услови за мировен процес“, додаде шефот на државата.

Од 27 февруари на територијата на Сирија по иницијатива на Русија и САД важи договорот за прекин на огнот кој не се однесува на борците од терористичката организација „Исламска држава“.

Како што соопштува руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одлуката за повлекување на силите е веќе договорена со раководството на Сирија. „Се разбира, сѐ што беше кажано од претседателот беше ставено на знаење на нашите сириски колеги и договорено со претседателот на Сирија Башар Асад“, ги цитира „Интерфакс“ зборовите на портпаролот на претседателот на РФ.

Воената операција на Воздушно-космичките сили на РФ против борците на терористичката група „Исламска држава“ почнаа во Сирија на 30 септември 2015 година. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња