Тенисерката Марија Шарапова на својот Фејсбук-профил ја негираше информацијата за пет добиени предупредувања за забраната за мелдониумот, пишува „Лента.ру“.
Според неа, таа добила само едно писмо од 22 декември 2015 година чија тема била „Основни измени во антидопинг програмата во тенисот за 2016 година“.
„Требаше да му посветам на проучување на тој документ повеќе време. Но други предупредувања? Тие се загубиле во информативни билтени, на сајтови и во соопштенија за печатот. Не сакам да барам оправдувања. Но да се кажува дека ме предупредиле петпати - тоа не е точно“, напиша Шарапова.
На 9 март британскиот весник „Тајмс“ соопшти дека Шарапова не помалку од петпати била предупредувана за ставањето на мелдониумот на листата со забранети препарати од 1 јануари 2016 година.
Според последните податоци, мелдониум е откриен во примероците за тестирање на 99 спортисти, од кои 8 се од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче