МНР РФ: Неприфатливи се изјавите на шефот на Пентагон за „руска агресија“

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше изјавата на министерот за одбрана на САД Ештон Картер за неопходноста од „задржување на Русија во Европа“.

„Таквите изјави станаа визит-картичка на американското воено раководство. Министерот за одбрана Е. Картер речиси секојдневно и по секој повод повикува на задржување и притисок на Русија, зборува за руска агресија“, се вели во изјавата објавена на сајтот на МНР РФ.

„Таквите пристапи, изградени со логика на неаргументирана критика спрема Русија, постојаните и неосновани обиди да нѐ претстават во својство на непријател се апсолутно неприфатливи. Го сметаме за недозволиво кога тоа го изјавува раководителот на американскиот воен ресор со чии претставници имено сега вршиме сложена работа за помош на почитувањето на режимот за прекин на огнот во Сирија“, потенцира Захарова.  

Претходно шефот на Пентагон Ештон Картер и министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лаен изјавија за „неопходноста од задржување на притисокот“ врз Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња