Странски експерти го анализираа новиот руски ракетен систем РС-26

„Новата руска ракета РС-26 лета по траекторија која постојано се менува. Такво оружје нема ниедна друга армија на светот. Сега можеме да заборавиме на противракетната одбрана. Таа е немоќна пред РС-26”, истакнуваат експерти.

Странски воени експерти го анализираа ракетниот систем со интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 „Рубеж”, истакнувајќи ги неговите уникатни можности.

Така, на почетокот на март на кинеската телевизија воен стручњак зборуваше за единствените можности на новите ракети, пренесува „Взгљад”.

„Новата руска ракета РС-26 лета по траекторија која постојано се менува. Такво оружје нема ниедна друга армија на светот. Сега можеме да заборавиме на противракетната одбрана. Таа е немоќна пред РС-26”, истакнува експертот.

„Боевите глави на РС-26 летаат со суперсонична брзина и непрекинато маневрираат. Дел од нив гарантирано го совладува системот за противракетна одбрана и ја погодува својата цел“, додава стручњакот.

„Сега Русија има сигурна заштита, што не може да се каже за другите земји во светот“, заклучува кинескиот воен аналитичар.  

Благодарение на примената на полимерните материјали со висока отпорност, ракетата е значително полесна од својот претходник РД-24 „Јарс“. Така, масата на РД-24 „Јарс” е 120 тони во однос на 80 тони на РС-26 „Рубеж”. Притоа вкупната сила четирите елементи на боевата глава изнесува 1,2 мегатони.

Новите ракети ќе се лансираат исклучително од мобилни системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња