Претседателот на Иран Хасан Рухани во неделата изјави дека Техеран нема задолжително да ги одобрува сите дејствија на Москва во однос на сириското прашање.
„Нашите односи со Русија се наоѓаа на добро ниво, меѓу земјите има соработка. Се разбира, тоа не значи потполна согласност на Иран со секој чекор на Русија“, го цитира Рухани агенцијата „ИСНА“.
Зборувајќи на прес-конференција во Техеран, претседателот на Иран истакна дека целта е прекин на војната во Сирија и враќање на сирискиот народ на нормален живот, за што треба да придонесе примирјето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче