Примирје во Сирија: „процесот се одвива“

Ројтерс
Премирјето во Сирија, постигнато врз основа на договорот на Русија и САД, трае веќе трети ден. Без оглед на обвинувањата за наружување на режимот на прекин на огнот од различни страни, и во Москва, и на Запад го потврдуваат примирјето. Во исто време од Ријад се слушаат закани.

Примирјето во Сирија што беше објавено на 27 февруари, без оглед на изјавите за нарушување на прекинот на огнот. Русија позитивно го оценува придржувањето на прекинот на огнот.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека „процесот се одвива“. Притоа, тој подвлече дека „патот кон постојан мир нема да биде лесен“.

Претходно, на 28 февруари, началникот на рускиот Центар за примирје на завојуваните страни генерал-лејтенантот Сергеј Кураленко соопшти дека „режимот на прекин на воените дејствија на територијата на Сирија се почитува“.

За тоа дека примирјето во Сирија „во основа“ се почитува, на 29 февруари говореше и првиот човек на НАТО Јенс Столенберг. Притоа тој обрна внимание на известувањата за нарушување на прекинот на огнот, изразувајќи притоа вознемиреност во врска со концентрацијата на руската армија во Сирија.

Нападите врз ИДИЛ продолжуваат

Претходно претставникот на рускиот Генералштаб Сергеј Рудској изјави дека од полноќ на 27 февруари руската авијација во целост престанала со напади врз оние делови и вооружени формации кои се согласија за прекин на огнот. Во исто време, според Кураленко, тоа „не значи дека војниците на ИДИЛ или на Ал Нусри можат да здивнат“. Врз овие групации, како и врз други организации кои ОН ги сметаат како терористички, режимот на прекин на огнот во Сирија не важи. Притоа, како што стана познато, минатиот викенд нападите врз ИДИЛ ги извршуваше коалицијата на чело со САД: 12 напади на територијата на Сирија, а исто толку и врз позициите на ИДИЛ во Ирак.

Обвинувања за нарушување на примирјето

Русија утврди „девет факти за нарушување на режимот на прекин на воените дејствија“, изјавуваат од Министерството за одбрана. Оган отвораа силите на таканаречената умерена опозиција. Исто така, според информација на рускиот воен ресор, биле регистрирани стрелања од страна на Турција. Како што соопштува Кураленко, РФ се обратила во американскиот центар за примирје во Аман „за разјаснување за стерлањето врз територијата на Сирија од страна на Турција“.

Од своја страна сириската опозиција извести за повеќе од 15 нарушувања на примирјето кои биле извршени од страна на владините сили и нивните сојузници. Во МНР на Франција исто така изјавија за воздушни напади врз умерените опозиционери. Во врска со ова Париз предложи заседание на групата за прекин на непријателските дејствија во Сирија.

Саудијците и планот Б

Најжестоки зборови, сепак, се слушнаа од Ријад. Првиот човек на МНР на Саудиска Арабија Абдул ал Џубеир ги обвини сириската и руската авијација за нарушување на примирјето. Тој изјави дека Ријад го разгледува прашањето со други земји и се закани дека ќе премине на планот Б доколку сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници не се придржуваат на примирјето. Тој не откри какви и да се детали од овој план. Кога сме на ова, претходно со закана за користење на планот Б, без да се открие неговата суштина се закани и државниот секретар на САД Џон Кери.

Портпаролот на рускиот претседател, коментирајќи ги обвинувањата за нарушување на премирјето, рече дека на ваквите изјави треба да се земаат со максимална претпазливост. „Од Москва веќе се слушнаа повици мошне внимателно да се обвинува некој за прекин на примирјето, да се прави тоа мошне внимателно и прецизно. Ситуацијата засега не е цврста. Тука може само да се обноват ваквите повици“, вели претставникот на Кремљ. Во руското МНР од своја страна изјавуваат дека Москва во целост се придржува кон договорот за примирје и потврда за анонимни обвинувања за нарушување од страна на РФ не постои.

За недопустливоста од провокациски изјави за прекршување на примирјето во Сирија телефонски разговараа и шефовите на дипломатиите на Русија и на САД. Како што соопштуваат од руското МНР, Сергеј Лавров и Џон Кери исто така ја подвлекоа важноста од „тесна координација по воена линија“ меѓу САД и Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња