За речиси две години, колку што помина од припојувањето на Крим кон Русија, вредноста на рубљата во однос на кинескиот јуан е речиси преполовена. Додека на 1 март 2014 година официјалниот курс на јуанот изнесуваше 5,88 рубли, на 29 февруари 2016 година беше 11,49 рубли.
Во таквата ситуација поевтини склопувањето на електрониката во руските претпријатија, како и локализацијата на производството во Русија. Тоа влијаеше многу компании од оваа сфера да почнат да го префрлаат производството во Русија, пишува весникот „Ведомости”.
Компанијата „Датакам” на Владислав Механцев (која, помеѓу другото, произведува автомобилски камери и воки-токи) префрли дел од монтажното производство од Тајван во Москва.
„Ако самиот го склопуваш производот, тогаш цената на производството се намалува за 50%”, тврди Механцев. Според неговите зборови, склопувањето на авто-камерите во Русија ги намалува трошоците на неговата компанија за логистика и заштедува на царинските давачки. Производството на авто-камери кои се склопени во Русија чини 20% помалку отколку производството на камери кои се склопуваат на Тајван, тврди овој претприемач.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче