Медиум: Пентагон и ЦИА повикаа Обама „да ѝ створи непријатности на Русија“

Во Белата куќа има спорови околу „планот Б“ во случај на неуспех на примирјето во Сирија. Американските „јастреби“ се убедени дека виновна за тоа ќе биде Русија, и уште сега предлагаат да се подготват нови санкции.

Првите луѓе на Пентагон и ЦИА бараат да се подготви „план Б“ во случај на неуспех на примирјето во Сирија,  пишува „Вол Стрит Џурнал“. Тие предлагаат да се зајакне поддршката за бунтовниците кои се борат против сириските власти.

Шефот на Пентагон Ештон Картер, шефот на Здружениот штаб на американската војска генерал Џозеф Данфорд, како и директорот на ЦИА Џон Бренан се убедени дека примирјето ќе пропадне и тоа ќе се случи по вина на Москва. На средбите во Белата куќа тие повикуваат „да ѝ се создадат на Русија сериозни непријатности“, соопшти извор во администрацијата на претседателот на САД.

Картер и Данфорд, како што се очекува, ќе му испратат на Обама официјални препораки во врска со „планот Б“. Веќе се водат дискусии за тој план.  Во Белата куќа се разгледува цела низа мерки, вклучително и разузнавачка поддршка на „умерената опозиција“ во Сирија, како и воведување нови санкции против Русија. Притоа се искажуваат сомнежи дека европските држави ќе го поддржат новиот бран санкции.  

Истовремено шефот на Пентагон го смета договорот за прекин на огнот за „финта“, државниот секретар на САД Џон Кери, напротив, високо ги оценува шансите за почитување на примирјето. Притоа тој смета дека примирјето ќе овозможи „да се провери дали може да ѝ се верува на Москва“, изјави изворот.

„Наведениот сојуз на „јастребите“ зборува за разногласието меѓу претставниците на одбранбените и дипломатските ресори. Тоа може да изврши притисок врз Обама, да го натера да преземе пожестоки мерки против Москва“, пишува „Вол стрит Џурнал“. Ако попушти, Обама ризикува уште посилно да ги вмеша САД во сирискиот конфликт, се вели во статијата што ја пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња