Русија ги повикува САД да земат пример од руската авијација во Сирија

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги повика САД и другите земји-членки на НАТО одговорно и внимателно да се однесуваат кон изборот на целите како што тоа го прават ВКС Русија во Сирија.

„Ги повикуваме САД и другите земји на НАТО одговорно и грижливо да се однесуваат спрема изборот на целите – така како што прават руските ВКС во Сирија. Одамна не е првпат како гинат невини луѓе како резултат на нападите на натовски авиони. Несомнено, САД и нивните сојузници при реализацијата на операции од таков вид треба пред сѐ да се раководат според меѓународното право, да дејствуваат не еднострано, туку да ги координираат своите чекори со сите заинтересирани учесници на меѓународната заедница“,  е дел од соопштението на МНР РФ.

Захарова исто така од име на МНР изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите службеници на српската амбасада во Либија.

„Тие службеници на амбасадата на Србија беа грабнати на 28 ноември 2015 година. Нивната локација му беше позната на Белград. Се водеа преговори за ослободување“, потенцираше таа.

Во петокот воени авиони на САД извршија напад врз либискиот град Сабрата во кој загинаа над 30 лица. Во саботата беше објавено дека двајца српски дипломати, грабнати минатата година во Либија, загинале при воздушен напад врз база на борци на „Исламската држава“, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња