Претседателот на Полска Андреј Дуда во интервју за „Ројтерс“ ја обвини Русија за започнување студена војна.
„Ако некој презема агресивни дејствија во Украина и во Сирија, ако некој го зголемува военото присуство на границите со своите соседи (…). Во таков случај ние имаме очигледен одговор на прашањето кој тоа сака да почне нова студена војна. Очигледно, тоа не е Полска или НАТО“, изјави полскиот претседател.
Тој истакна дека ги адресира своите зборови до премиерот на Русија Дмитриј Медведев кој зборуваше за почеток на нова студена војна во Европа.
Дуда исто така се заложи и за распоредување на делови на НАТО на територијата на неговата земја. Претседателот го повтори претходно дадениот предлог од Полска да ѝ се помогне на Алијансата во Сирија, но без испраќање војници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче