МНР РФ: Русија сочувства со турскиот народ по повод терористичките напади

„Не може да има оправдување за варварските злосторства“, потенцира рускиот дипломатски ресор.

Терористичкиот напад во Анкара уште еднаш укажува на потребата од обединување на сите држави во борбата со меѓународниот тероризам, се вели во соопштението на МНР РФ, пренесува ТАСС.

„Во врска со терористичкиот чин што се случи на 17 февруари во Анкара, изразуваме длабоко сочувство до турскиот народ. Искрено сочувствуваме со роднините и блиските на загинатите. Им посакуваме брзо оздравување на ранетите во таа чудовишна акција“.

Како што потенцира министерството, „не може да има оправдување за варварските злосторства“.  

„Неговите организатори и извршители треба да одговараат за стореното. Настанот уште една укажува на потребата од обединување на сите држави во борбата со меѓународниот тероризам“.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња