Патријархот Кирил предупреди за заканата од дехристијанизација на Европа

Тоа е опасно не само од религиозна, но и од духовно-културна гледна точка, потенцира поглаварот на Руската православна црква.

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и папата Франциск ја предупредија Европа за дехристијанизацијата која ќе ја направи апсолутно различна, изјави поглаварот на Руската православна црква во разговорот со претседателот на Парагвај во Асунсион.

„Го сметам за многу важно она што беше кажано воопшто за исфрлањето на христијанските вредности од животот на редица современи земји. Европа не може да ги загуби своите христијански корени. Дехристијанизацијата на Европа е опасна не само од гледна точка на дискриминацијата на христијаните, туку тоа е опасно од духовна и културна гледна точка. Европа ќе биде апсолутно различна ако христијаните бидат истиснати од јавниот живот на Европејците“, изјави патријархот во разговорот со претседателот на Парагвај Хорасио Мануел Картес Хара.

„Имавме посебно обраќање до младината. Тоа е нашата иднина. И ние посебно апелираме до христијанската младина да биде активна, да ја преземе врз себе одговорноста за иднината на христијанството“, истакна поглаварот, пренесува РИА „Новости“.

Во точките 22-23 од заедничката декларација на патријархот и папата за младината е наведено, на пример: „Не плашете се да одите спроти текот. Бранејќи ја вистината Божја. Со која не секогаш се  во согласност современите секуларни стандарди... Воспитувајте ги децата во верата христијанска, пренесете им го скапоцениот бисер на верата кој сте го добиле од вашите родители и претци“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња