Патријархот Кирил и папата Франциск по завршувањето на својата историска средба на 12 февруари во главниот град на Куба Јавана потпишаа декларација за заштита на христијаните од прогон и протерување на Блискиот Исток и во Северна Африка. Покрај означувањето на оваа заедничка за двете Цркви цел, во неа исто така се посветува внимание на темата на семејството и губењето на семејните вредности. Одделни точки на документот се посветени на граѓанската војна во Сирија, конфликтот во Украина и ситуацијата со бегалците од Блискиот Исток и од други региони.
Потпишувањето се одржа под иконата на Казањската Богородица. Текстот на декларацијата беше претходно договорен.
„Поминавме два часа во отворена, братска дискусија“, изјави патријархот Кирил по потпишувањето на декларација. „Со поимање на одговорноста за своите Цркви, за верниците, за иднината на христијанството и иднината на човековата цивилизација. Тоа беше многу содржаен разговор кој ни даде можност да ја разбереме и почувствуваме позицијата на другиот“.
Патријархот потенцираше дека „резултатите од овој разговор ни даваат можност да кажеме дека двете Цркви можат да ги заштитат христијаните во целиот свет и со целосна одговорност заедно да работат да нема војна, насекаде да се почитува човечкиот живот.. Да се зацврсти човековиот морал, и преку учество на Црквата во животот на современото општество да се слави Песветото и Преблаго име на Таткото и Синот и Светиот Дух“.
„Разговаравме како браќа“, истакна папата Франциск резимирајќи го исходот од средбата, „затоа што ние сме епископи, со христијанска вера и баравме заеднички пат“.
Тој истакна дека со патријархот Кирил зборувале „многу отворено“.
„Во овој дијалог го чувствував присуството на Светиот Дух“, изјави Франциск, пренесува „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче