МНР Турција одново ја обвини Русија за напади врз цивилни објекти, го нарече тоа „воено злосторство“ и изјави дека продолжувањето на руските напади неизбежно ќе доведе до сериозни последици, пренесува РИА „Новости“.
Во понеделникот Меѓународната организација „Лекари без граници“ соопшти дека е срушена болница во сириски Идлиб. Нејзините претставници сметаат дека нападот врз болницата бил организиран од силите лојални на претседателот на Сирија Башар Асад. Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека болницата била погодена од руска ракета. Амбасадорот на Сирија во Москва Ријад Хадад изјави дека болницата била срушена од американските авиони. Советникот за национална безбедност на претседателот на САД Сузан Рајс изјави дека Белата куќа го осудува бомбардирањето на болниците во Сирија, меѓутоа не е подготвена да каже точно кој стои зад тоа.
„По одлуката за прекин на огнот, донесена на 11 февруари од Меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен, Русија продолжува да нанесува удари врз цивилното население, училиштата и болниците во Сирија... Одлучно ги осудуваме овие напади кои противречат на меѓународното право и претставуваат воено злосторство. Доколку не престанат, тогаш се неизбежни посериозни последици“, се вели во изјавата на турскиот дипломатски ресор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче