Се договоривме да реализираме општонационален прекин на борбените дејствија, нашата цел е да почне по една недела. Тоа е амбициозна цел, но сите се согласни дека треба да се турка колку што е можно побрзо за да се потрудиме да го постигнеме тоа. Тоа ќе се однесува на сите страни во Сирија, со исклучок на терористичките организации ИДИЛ и „ан-Нусра“, изјави Кери, соопштува „Взгљад“.
„Неделава режимот на Асад и опозицијата треба да донесат одлука. И едните и другите можат да бидат вклучени во консултациите“, изјави Кери.
„Се надевам напредокот што го постигнавме овде ќе овозможи да се намали степенот на насилство во оваа земја“, изјави државниот секретар на САД.
Кери по средбата во Минхен исто така потенцираше дека „колку подолго трае сирискиот конфликт, толку е подобро за екстремистите“.
„Се согласивме да ја забрзаме и прошириме испораката на хуманитарната помош, тоа ќе почне веднаш. Постојаните испораки ќе почнат неделава“, рече Кери.
„Се договоривме за недела да ги подготвиме модалитетите кои ќе го дефинираат режимот на прекин на вооружените дејствија, поаѓајќи од тоа дека за тоа време и владата на Сирија, и опозициските групи ќе успеат да ги преземат неопходните мерки за подготовка за прекинот на вооружените дејствија. А модалитетите ќе се разработуваат од уште една целна група, која ќе работи под копретседателство на Русија и САД“, рече Лавров.
Според неговите зборови, во составот на целната група ќе бидат дипломати и воени лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче