Потпретседателот на ЕК зборуваше за прашањата за „Северен тек-2“

„Од свое име можам да кажам дека никогаш не сум видел комерцијален проект кој би бил толку интензивно разгледуван на политичко ниво“, изјави потпретседателот на Европската комисија Марош Шефцович.

Европската комисија го разгледува прашањето за неопходноста од реализација на проектот „Северен тек-2“, соопшти потпретседателот на Европската комисија Марош Шефцович.

Тој истакна дека од една страна за овој проект се вели дека е комерцијален. „ Од свое име можам да кажам дека никогаш не сум видел комерцијален проект кој би бил толку интензивно разгледуван на политичко ниво”, изјави Шефцович, а пренесува „Взгљад”.

„Зошто имавме толку долга дискусија за ова прашање на ниво на шефови на држави-земји на ЕУ на минатиот самит во декември? Затоа што овој проект придвижува голем број политички прашања. Како ќе влијае врз Централна и Источна Европа? Колкава ќе биде вкупната количина гас што ќе стигнува во Европа? Дали ни  потребен овој проект, ако ги земеме предвид постојните големи капацитети за транспорт на гас од Русија во Европа? Кој ќе ги плати трошоците за изградба на инфраструктурата?“, наброја Шефцович низа прашања кои се однесуваат на проектот „Северен тек-2”.

Претходно магазинот „Форбс“ соопшти дека земјите на ЕУ имаат поделени ставови околу изградбата на „Северен тек-2“ и дека понатамошната судбина на рускиот проект ќе зависи повеќе од геополитичката отколку од економската ситуација. 

Европската комисија засега го нема дефинитивно формулирано својот став за рускиот проект. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња