Грушко: Концептот на американскиот глобален молневит удар е опасен

Разработката на хиперсонична ракета која може да нанесе високопрецизен ненуклеарен удар од американска територија предизвикува загриженост кај постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко.

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко го нарече опасен концептот на таканаречениот молневит глобален удар што го разработуваат САД, пренесува РИА „Новости“.

Дописник на весникот „Вол Стрит Џурнал“ го праша Грушко дали Русија планира да побара од НАТО да ја запре програмата за ПРО во Европа. Како одговор на тоа Грушко изјави дека Москва е загрижена не само од таа програма, туку и од капацитетите  на САД надвор од границите на Европа.

„Ние исто така ги проучуваме капацитетите на САД со поморско базирање кои сега се распоредуваат во Средозменото море, во Рота (Шпанија)... Но и тоа е дел од посложената стратешка аритметика. Треба да се додадат прашањата како што е глобалниот молневит удар. Тоа е многу опасна работа од гледна точка на стратешката стабилност. Треба да се проучи и прашањето за милитаризација на вселената. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите партнери сериозно да учествуваат во преговорите за откажување од распоредување воени средства во вселената“, рече Грушко.

Системот за молневит глобален удар од страна на САД предвидува создавање хиперсонична ракета чии прототипи веќе се тестираат. Таа може да нанесе високопрецизен ненуклеарен удар од американска територија врз цели на секоја точка на Земјата за околу еден по лансирањето. Системот е особено опасен поради тоа што може да нанесе ненуклеарен удар со чија помош се обезоружуваат стратешките нуклеарни сили.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња