Руски пранкери објавија снимка од разговор со Ердоган

Турскиот претседател Ердоган нема намера да се извинува за соборениот руски Су-24 во Сирија, може да се заклучи од телефонскиот разговор на Реџеп Таип Ердоган со руските „телефонски хулигани“ Владимир Кузнецов и Алексеј Стољаров, попознати како Вован и Лексус. Тие раскажаа дека му се јавиле на претседателот на Турција како Арсениј Јацењук и Петро Порошенко.

Претходно на интернет се појави фрагмент од нивниот разговор, а сега НТВ ја објави целосната верзија на разговорот.

Во четвртокот од првиот дел на разговорот меѓу „телефонските хулигани“ и турскиот претседател станува јасно дека Ердоган изразил желба да им се придружи на можната антируска коалиција предводена од Украина, доколку би се појавила таква.  

Во текот на разговорот со Ердоган руските „телефонски хулигани“ исто така му предлагаа на турскиот претседател да се договори за субвенционирање на туристичките услуги за Украинците, особено за украинските функционери.

Исто така, турскиот претседател изјавил дека нема намера да му се извини на Владимир Путин за соборениот во ноември руски воен авион.

Истовремено извор во администрацијата на претседателот на Турција ги демантираше изјавите за телефонскиот разговор со руските „хулигани“.

 „Ништо немам слушнато за тој повик, но воопшто толку едноставно е невозможно да му се јавите на претседателот. Го сметам тоа за измама, затоа што за такви  разговори се користат специјални канали за врска и посени процедури“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња