Познатите „телефонски хулигани” Вован (Владимир Краснов) и Лексус (Алексеј Стољаров) признаа дека му се јавиле на Елтон Џон и се претставиле како Путин и Песков.
„Да, тоа бевме ние. Алексеј зборува одличен англиски јазик, тој се претстави Дмитриј Песков и го преведуваше нашиот разговор. А Владимир Путин бев јас. Не му се јавивме ноќе, како што пренесуваат медиумите, туку 17:30 по московско време”, изјави Владимир Краснов во интервјуто за „Комсомолскаја правда“.
Телефонските хулигани исто така велат дека идејата за разговор се појавила Елтон Џон рекол дека по средбата со Порошенко се надева и на средба со Путин
„Помисливме дека Путин нема да сака, барем не наскоро, да се сретне со Елтон Џон, а уште излезе и дека Елтон Џон нестрпливо го очекува тој повик“, целат „хулиганите“.
Елтон Џон претходно му се заблагодари на Путин за повикот и додаде дека е нестрплив да се сретне лично со рускиот претседател.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја демантираше информацијата за одржан телефонски разговор и ги повика Вован и Лексус да му се извинат на познатиот пејач.
„Јас всушност би препорачал да се извинат на Елтон Џон – тој е мошне почитуван и омилен изведувач кај нас. Веројатно не требало толку добро да го изиграат“, пренесува „RT“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче