Во прашањето за решавање на сирискиот конфликт, Русија е единствената која има стратегија за прекин на огнот. Предлозите на Москва за мирно решение во Сирија изгледаат како исмевање на американскиот претседател Барак Обама, пишува колумнист на италијанското издание „Ил Џорнале“.
На почетокот на февруари шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека Русија му предложила на Вашингтон шема за прекин на огнот во Сирија. И, без оглед на тоа што државниот секретар на САД Џон Кери повеќепати бараше запирање на операцијата на ВКС РФ во регионот, администрацијата на Обама нема многу варијанти за можни понатамошни дејствија.
„Откако му ја одзеде на добитникот на Нобеловата награда за мир Барак Обама воената инцијатива во Сирија, Владимир Путин се подготвува да му ги одземе и преговорите“, пишува колумнистот.
Тој истакнува дека од сите противници во моментов на руските ВКС и сириската армија може да им се спротивстави само терористичката група „Џебхат ан-Нусра“.
„Прекинот на руската операција во Сирија и дејствијата на армијата на САР би значело и запирање на операцијата на Курдите кои нанесуваат удари врз „Исламската држава“ на североистокот на земјата. Затоа, откажувајќи се од рускиот мировен план, Обама ќе се најде во скокотлива ситуација, обезбедувајќи го преживувањето на најлошите непријатели на Западот – Ал Каеда и калифатот“, истакнува колумнистот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче