Давутоглу: Ќе го одбраниме „херојскиот Алепо“

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја има намера да го одбрани сирискиот град Алепо, затоа што на тоа го обврзува историски долг.

„Ќе го вратиме нашиот историски долг. Некогаш нашите браќа од Алепо ги штитеа нашите градов, Шанлиурфу, Газиантеп, Караманмараш (во текот на Првата светска војна), сега ние ќе го обраниме историскиот Алепо. Зад неговите бранители стои цела Турција“, рече Давутоглу на седницата на парламентарната група на владејачката Партија на правда и развој со која тој претседава.

Давутоглу повторно неаргументирано ги обвини ВКС РФ за „бомбардирања на цивилното население“, кои доколку продолжат, можат да предизвикаат пристигање во Турција на уште 70 илјади бегалци.

Либанската телевизиска станица Ал Мајадин вчера објави дека сириските владини сили ги „прегазиле“ терористите во покраината Алепо на северот на Сирија и дека војската стигнала до предградието на Идлиб, пренесува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња