Весникот наведува дека разгледувањето на енергетските прашања во рамките на европскиот естаблишмент е сѐ почесто разговор за националните интереси кои стануваат поважни од солидарноста. Украина и Словачка стравуваат за својата заработка од транзитот, Полска не сака да го загуби гасоводот „Јамал—Европа“, Италија, чиј премиер Матео Ренци се придружи на хорот со противници на „Северен тек-2“ самата би сакала да го реализира проектот со „Гаспром“.
„Кога соработуваат две големи земји, секогаш страда некој трет“, дипломатски наведе словачкиот премиер Роберто Фицо.
Неговиот колега, премиерот на Украина Арсениј Јацењук, го нарече проектот „антиукраински“, а „Нафтогас“ потоа поднесе жалба до Европската енергетска заедница.
Раководителот на компанијата „Винтершал“, една од учесничките во проектот „Северен тек-2“, Марио Мерен, смета дека гасните проблеми повеќе имаат врска со геологијата отколку со политиката и предлага да се раздвојат политичките и економските прашања.
Тој на критичарите на проектот им одговара дека односите на Русија и Европа во овој момент не се баш најдобри, но тоа не значи дека треба да се откаже проектот што ја зголемува енергетската безбедност на Стариот континент поради политички причини.
„Ниеден гасовод што поминува низ неколку земји не е „чисто комерцијален проект“, Тој бара огромни инвестиции кои ќе се исплатат во долгорочна перспектива и се однесуваат на интересите на силните“, пишува „Ди Цајт“ и потсетува дека Полска и балтичките земји своевремено го критикуваа и првиот „Северен тек“ кој го планираа претседателот на Русија Владимир Путин и тогашниот германски канцелар Герхард Шредер кој е сега на чело на Комитетот на акционери на „Северен тек АГ“.
Весникот го поставува прашањето: дали гасоводите кои одат низ меѓународните води на Балтичкото море воопшто потпаѓаат под дејството на европското право? За тоа зборуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, како и вицеканцеларот и министер за економија и енергетика Зигмар Габриел.
„Без усогласување со властите на ЕУ проектот „Северен тек-2“ би бил многу полесен за реализација“, наведува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче