Украина поднесе во Европска комисија официјална жалба во врска со проектот за изградба на гасоводот „Северен тек-2“, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук во текот на средбата со вицепремиерот и шеф на МНР на Словачка Мирослав Лајчак.
„Украина поднесе официјална жалба до секретаријатот на Енергетската заедница во однос на изградбата на „Северен тек-2“, затоа што тоа политички проект. Ние бараме Европската комисија да почне истрага и да го запре овој антиевропски, антиукраински, антисловачки и антиполски проект. Ние не сакаме да им дозволиме на Русите да нѐ изиграат, ние сакаме да изградиме транспарентен европски пазар на гас, затоа испраќаме силен сигнал до нашите европски партнери и европската заедница. Овој проект не само што треба да биде повторно разгледан, треба да биде и отфрлен“, изјави Јацењук.
Претставникот на прес-службата на ЕК прецизираше за РИА „Новости“ дека Европската комисија добила жалба од страна на „Нафтогас на Украина“ поднесена до Енергетската заедница која пак ја предала до ЕК. Од Европската комисија ветија дека ќе ја анализираат жалбата и ќе испратат одговор до секретаријатот на Енергетската заедница.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче