МНР Турција: Руски авион го наруши воздушниот простор

МНР Турција соопшти дека во петокот, 29 јануари, воздушниот простор на земјата бил нарушен од руски авион.

Министерството за надворешни работи на Турција го повикало амбасадорот на Русија во Анкара  во врска со наводно нарушување на турскиот воздушен простор, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

Според информациите на агенцијата, турското МНР соопшти дека руски борбен авион во петокот, 29 јануари, го нарушил воздушниот простор на Турција.

Во врска со тоа, во турското министерство бил повикан рускиот амбасадор Андреј Карлов. МНР Турција во своето соопштение ја повикува РФ да престане да го нарушува турскиот воздушен простор, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња