Медиум: Руската економија го издржа она што другите не би можеле

Русија добро се снаоѓа со економските проблеми од кои многу други држави би доживеале крах, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Во услови на пад на цената на нафтата и падот на вредноста на руската рубља, економската политика на руските власти игра важна улога. Руската Централна банка презема адекватни мерки за регулирање на ситуацијата, пишува „Вол Стрит Џурнал“, пренесува РИА „Новости“.

Како што проценува Меѓународниот монетарен фонд, БДП-то на Русија во 2015 година е намалено за 3,7 %, а во 2016 година ќе падне за уште 1%.  

Меѓутоа, руската рубља не е во толку опасна ситуација како на пример турската лира, иако на турската економија би требало да ѝ одговара поевтина нафта. За разлика од руската валута, турската не падна на 12%, туку на 3,2%, но тоа е за неа рекорден пад. Анкара не може да го запре падот на својата валута од 2013 и покрај растот на економијата. Основната опасност за турската економија е самата власт на земјата, пишува американскиот весник. Турската Централна банка се откажа од ветувањето дека ќе ја нормализира својата политика, а тоа предизвикува одредени сомнежи. Покрај тоа, народот го загрижува и политиката на претседателот Реџеп Таип Ердоган кој планира внесе амандмани во уставот на земјата и да ја зацврсти својата власт, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња