Од почетокот на 2016 година цените на нафтата продолжија да се намалуваат. Аналитичарите на UBS очекуваат дека овие ниски цени ќе се задржат во текот на првата половина на годината, експертите на британската банка Standard Chartered, пак, сметаат дека цените може да паднат до 10 американски долари за барел.
Руското Министерство за енергетика во декември ги замоли големите нафтени компании да направат тестови за издржливост или т.н. стрес-тестови за цена од 30 американски долари за барел.
Засега резултатите од нив не се објавуваат, но од изјавите на претставниците на најголемите нафтени компании и од проценките на аналитичарите, станува јасно дека прагот од 30 американски долари за барел според нив не е критичен и тие се подготвени да издржат и при пониски цени .
Според портпаролот на „Роснефт“ Михаил Леонтиев, компанијата има стрес-сценарио, кое е одржливо при цена од 30 американски долари за барел. При таква цена, компанијата ќе продолжи да ги исполнува дури проектите поврзани со шелфовите, тврди Леонтиев, но не открива детали од сценариото. Претставници на „Лукоил“, „Гаспром нефт“, „Сургутнефтегас“ и други големи нафтени компании не сакаа да ги коментираат резултатите од нивните стрес тестови. Извор од „Роснефт“,за РБК изјави дека „најефикасните руски компании“ не се соочуваат со потреба од промени во инвестициските и оперативните планови при цена на нафтата од типот Brent од 25 и повеќе американски долари.
Претседателот на „Роснефт“ Игор Сечин есента 2015 година изјави дека цената на чинење на производството на нафтата на компанијата е околу 4 американски долари (без транспортните трошоци и даноците), па затоа таа е подготвена „за понатамошна борба за удел во пазарот“.
Во стрес-тестот по цена од 30 американски долари за барел „Лукоил“ предвидува намалување на инвестициите за 20%, изјави за РБК извор од компанијата (претставници на Лукоил не ја коментираат оваа информација). Претседателот на Лукоил Вагит Алекперов наведе во интервју за „Ведомости“ во септември дека „граничната точка“ за компанијата е 24 американски долари за барел. Во материјалите на Лукоил се забележува дека девалвацијата на рубљата за девет месеци ги намали трошоците за единица производ на Лукоил за експлоатација од 35% до 3,68 американски долари за барел (без даноците и транспортните трошоци).
На предновогодишната средба со новинарите Алекперов потсети дека компанијата успеала да издржи и да ги исплаќа платите на вработените и при цена на нафтата од 9-12 американски долари за барел. Доколку сепак цените на нафтата сега се намалат до тоа ниво, ќе дојде до „нула инвестиции“ и до намалување на производството на нафта, предупреди тој.
Претседателот на „Гаспром нефт“ Александар Дјуков на крајот на декември во интервју за телевизискиот канал „Росија 24“ изјави дека на наоѓалиштето „Приразломное“ експлоатацијата останува ефикасна и при цена од 25 американски долари за барел, а како целина за компанијата - при ниво од 18- 20 американски долари за барел. Се разбира, цената на чинење, според него, е повисока отколку кај „Роснефт“: „Доколку зборуваме за цената на чинење на експлоатацијата од традиционалните наоѓалишта, таа е 12-15 американски долари за барел“ (Дјуков не прецизира дали станува збор за цена кој вклучува даноци и транспорт).
Руските компании се отпорни на падот на цените на нафтата, наведуваат аналитичарите на Bank of America Merrill Lynch: ним им помага курсот на рубљата, намалување кое се должи на поевтинувањето на нафтата, како и на флексибилните даночни стапки. Доколку цената на нафтата падне до 15 американски долари за барел, тогаш буџетот ќе се намали: при таква цена и пониска стапка на данокот на експлоатација на минерали (ДДПИ) и извозната царина автоматски ќе се сведе на нула.
При нулата-стапка за ДДПИ и извозната царина на вкупните трошоци во буџетот во рубљи ќе паднат двојно, а во девизи уште повеќе. Државата не може да го дозволи тоа, па по цена од 15 американски долари за барел даночното оптоварување на компаниите на еден или на друг начин ќе биде зголемено и тогаш нивото на цената при која нема загуба за нафтените компании, ќе се зголеми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче