Медиум: Новите потези на Москва ги алармираа Американците и Турците

Вашингтон и Анкара со загриженост ја следат новата активност на руските вооружени сили на североистокот на Сирија, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Русија испрати нови сили на аеродромот под контрола на армијата на Башар Асад на североистокот на Сирија, соопштува „Вол Стрит Џурнал“. Меѓутоа американските воени советници го зголемија бројот на заеднички операции со курдските бунтовници. Како што истакнува изданието, овие паралелни воени чекори, без оглед на малиот размер, можат да создадат нови тензии меѓу Вашингтон и Москва кои се стремат да ги заштитат своите конкурентни интереси во регионот.

Властите на САД објавија дека бројноста на руските војници на аеродромот е мала и не открија никакви знаци дека војниците се обидуваат да ја искористат таа писта за распоредување на бомбардери. Сепак, според признанието на чиновник од Пентагон, целите на Русија остануваат „загатка“.  

Анкара исто така изрази загриженост од руското присуство на североистокот на Сирија. Едно од турските изданија објави фотографии на кои војници на Турција копаат ровови и распоредуваат тенкови недалеку од сирискиот град Ел-Камишли, каде што се сместени руските трупи.

Турските и американските власти сметаат дека појавувањето на руските војници во регионот може да сигнализира дека Москва се обидува да ги зајакне врските со курдските бунтовници кои се покажаа како најефикасна сила во борбата против „Исламската држава“.

Според тврдењето на САД и сириските бунтовници, Курдите веќе се обидуваат да го искористат за себе руското вмешување „чија цел во основа се борците поддржувани од Вашингтон, а не исламистите“. Во крајна мера, во една пригода курдските сили веќе има дадоа на руските воени советници координати на позициите на проамериканските бунтовници.    

Поранешниот амбасадор на САД во Сирија Роберт Форд смета дека зголемувањето на силите ќе му овозможи на Кремљ поактивно да ги реализира интересите во регионот. „Благодарение на овој потег Русите постигнуваат три цели: ја зајакнуваат сириската влада и положбата на курдските сојузници на истокот на Сирија, со тоа ја комплицираат работата на САД и ја штитат новата позиција од влегување на новостекнатиот противник на Москва – Турција“, смета експертот.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња