Иран забрани реекспорт на турски производи во Русија

Иранската организација за трговска соработка им забрани на иранските компании да реекспортираат турски производи во Русија преку Иран, соопшти заменик-директорот на ИРТС Мохамад Реза Мовадвади.

Ова е направено „во согласност со указот на министерот за трговија на Иран Мохамад Реза Нематзаде“, пишува „Взгљад“.

Мовадвади исто така додаде дека таквиот реекспорт противречи на генералната извозна политика на Иран. А имајќи ги предвид односите меѓу Турција и Русија, таквите постапки на иранските трговци можат да извршат негативно влијание на врската меѓу Техеран и Москва, истакна Мовадвади.

Освен тоа, тој изрази загриженост дека во спротивен случај, Русија може да ги заостри правилата за извоз на ирански производи во својата земја. Напротив, смета Мовадвади, иранските претприемачи треба да ја зголемуваат трговијата со соседната земја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња