Иран планира да извезува млечни производи во Русија за 800 милиони долари

Претходно беше соопштено дека Иран ќе почне со извоз на млечни производи во Русија од 20 јануари 2016 година.

Сумата на извоз на ирански млечни производи во Русија во текот на 2016 година може да изнесува околу 800 милиони долари, изјави во неделата претставникот на Асоцијацијата на млечни производители на Иран Реза Бакери.

„Се очекува во текот на следната година (Нова година во Иран е на 21 март) извозот на млечни производи од Иран во Русија да изнесува најмалку од 500 до 800 милиони долари“, соопштува агенцијата „Mехр“, а пренесува РИА „Новости“.

На почетокот на јануари беше соопштено дека Иран ќе почне да извезува млечни производи во Русија од 20 јануари 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња