Иран ќе почне со извоз на млечни производи во Русија од втората половина на јануари, соопшти телевизијата „Прес ТВ“, пренесува ТАСС.
Во соопштението се истакнува дека четири претпријатија од Иранската компанија за млечна индустрија (ИКМИ) во провинциите Фарс, како и во градовите Техеран, Голпаеган и Исфахан, кои произведуваат производи под брендот „Пегах“, ќе почнат да ги испорачуваат во Русија почнувајќи од 20 јануари.
„Постапката за добивање дозвола за извоз беше почната уште минатата година. Уште четири претпријатија на ИКМИ очекуваат дозволи во најскоро време“, истакна генералниот директор на компанијата Али Руми.
Според неговите зборови, списокот на производи вклучува млеко во прав, различни видови сирења и други стерилизирани млечни производи.
„Русија е еден од основните пазари кои овозможуваат прекрасна можност иранските компании да го зголемат производството и извозот на своите претпријатија кои беа создадени за самообезбедување во услови на санкции против Иран“, додаде Руми.
Русија есента минатата година изрази подготвеност да купува ирански млечни производи во својство на алтернативен увоз кој ги заменува испораките од Европа за кои беше воведено ембарго, истакнува „Прес ТВ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче