Гризлов: Нема никаков „Минск-3“

Во интервју за весникот „Комерсант“ Борис Гризлов, претставникот на Русија во Трилатералната контакт-група за решавање на конфликтот во Украина, нагласи дека не постои алтернатива на „Минск-2“, и дека сите одреди од спогодбата мораат да бидат исполнети, дури и ако тоа бара дополнително време.

Нема сомнение дека сега би можело да дојде до сериозен напредок во реализацијата на спогодбата од Минск, моите состаноци во Киев и Минск го потврдуваат тоа, изјави Борис Гризлов, претставник на Русија во Трилатералната контакт-група за решавање на конфликтот во Украина, кој беше наименуван на таа функција во декември минатата година. Тој во интервју за весникот „Комерсант“ нагласи дека не постои алтернатива на „Минск-2“, и дека сите одредби од спогодбата мораат да бидат исполнети, дури и ако тоа бара дополнително време.

„Киев не ги усогласи со Донбас измените во украинскиот устав во делот за децентрализација и законот за изборите“, истакнува Гризлов.

„Прашањето на одредување конкретни рокови за реализација на одредбите од пакетот-мерки би можело да ја добие поддршката од контакт-групата“, истакна Гризлов и додаде дека Украина досега не ги усогласила со Донбас и не ги усвоила измените на уставот и измените на Законот за посебен статус, без кои повеќе не е можно во целост да се реализираат останатите делови од пакетот на спогодбата од Минск.

„Руската Федерација се држи до ставовите и мерките кои се утврдени на 12 февруари 2015 година во Минск. Немаме врз основа на што да зборуваме за друга спогодба. Сите одредби од тој пакет-мерки треба да бидат реализирани и ако тоа бара дополнително време, сите страни ќе мораат да вложат максимални напори за да се исполни спогодбата“, рече Гризлов, одговарајќи на барањето да ги коментира изјавите на украинската страна дека од 1 јануари почнал некаков „Минск-3“, кој не е документира, а „Минск-2“ дури 50% не одговара на проблемите со кои се соочи Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња