Поранешен спикер на Државната дума и поранешен министер за внатрешни работи на Русија Борис Гризлов.
Дмитриј Астахов / РИА НовостиСредбата за донбас се одржа на 13 јануари во Минск, каде во февруари минатата година беше потпишан мировниот договор кој стана „мапа“ за решавање на конфликтот на истокот од Украина. Во преговорите учествуваа претставници на РФ, на Украина, ОБСЕ, а исто така и преговарачи од самопрогласените ДНР и ЛНР.
Резултатите од средбата се мошне скромни. Сите учесници ја поддржаа идејата на рускиот претставник за итно запорање на огнот долж линијата во Донбас и се договорија за размена на заробеници. Ваква одлука за целосно запирање на огнот членовите на Контактната група донеса и кон крајот на минатата година, но таа не беше почитувана. За размена на заробениците страните зборуваат веќе подолго време.
Во исто време, како што подвлекуваат руските експерти, надворешните скромни резултати од минската средба не треба да остава впечаток дека ништо не се право за рализација на минската спогодба. СПоред Дмитриј Данилов, шеф на Одделението за европска безбедност при Институтот за Европа на Руската академија на науките, сега сите страни се заинтересирани за реализација на минскиот договор. Се води активен, иако не многу рекламиран разговор за пронаоѓање на некаква разврска во мировниот процес кој, како што изјавуваат и во Москва, и во Киев, во моментов се наоѓа во ќор-сокак.
Едно сведоштво за решителноста, вербата во потенцијалот на минскиот договор од страна за Русија е назначувањето на Борис Гризлов како преговарач за Донбас. „Ова (назначување) зборува за тоа дека Русија продолжува да смета оти решавањето на украинската криза е принципиелно важно и приоритетно прашање за надворешната политика на земјата“, вели за „Руска реч на македонски“ Данилов. За Тимофеј Бородачев, прв човек на Центарот за комплексни европски и светски истражувања при Вишата школа за економија, појавувањето на човек со политички „багаж“ како главен преговарач за Донбас од страна на РФ ја покажува желбата на Москва „да го зголеми својот влог, да ѝ даде на оваа должност поголем политички карактер“.
Пројава на ова беше неочекуваната посета на Гризлов на Киев, која предизвика голем шум во украинската престолнина. Лидерот на Радикалната партија Олег Љашко во дозволата за влегување на Гризлов на украинска територија виде „признаци на државно предавство“ од страна на украинските лидери (лидерот на радикалите смета дека претставникот на РФ требало да биде уапсен во Киев како воен злосторник – заб. ред.).
Спорд информацијата на украинското издание „Зеркало недели“, во Киев Гризлов се сретнал со претседателот на Украина Петро Порошенко. Администрацијата на украинскиот претседател официјално не ја потврди оваа информација.
Според украинскиот политиколог Андреј Золотарев, Гризлов со Порошенко можел да дискутира за уставните промени предвидени со минскиот договор, а кои, меѓу другото, се однесуваат и на статусот на Донбас.
Дмитриј Данилов претпоставува дека политичарите би можеле да разговараат за проблемот кој потенцијално може да го прекине мировниот процес во Донбас, а тоа се локалните избори во ДНР и во ЛНР кон крајот на февруари. НЕзависно од Киев, гласањето требаше да се одржи уште минатата година, но по притисокот од страна на Москва и на европските престолнини претставниците на Донецк и на Луганск се согласија тие да се одложат, со цел да се даде време за компромис за нивно спроведување.
За значењето што се придава на прашањето на изборите во Донбас сведочи и тоа што за проблемот дискутираа претседателите на САД и на Русија. За неопходноста од постигнување договор дискутираа Барак Обама и Владимир Путин во телефонски разговор кој се одржа на 13 јануари.
Сепак позицијата на Киев, клучниот учесник во преговорите, во врска со прашањето за локалните избори во Донбас останува неизменета. Во украинската престолнина не сакаат да им излезат пресрет на ДНР и на ЛНР. „... Избори? Само според украинскиот закон, под мониторинг на ОБСЕ, по разоружувањето“, изјави претставничката на украинската делегација во Контактната група Ирина Грашченко. Во Донбас со ова се категорички несогласни. Во ДНР и во ЛНР, повикувајќи се на минскиот договор, изјавуваат дека изборите треба да се оджат според специјален закон, во чија изработка треба да земат учество на претставници на самопрогласените републики.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче