Украински заменик-министер ги нарече руските граѓани „варвари“ и „робови“

Заменик-министерот за инфраструктура на Украина Владимир Омељан наложи преименување на поморските пристаништа и железнички пруги, кои имаат комунистичка симболика или имаат руски или советски називи, за да се покаже разликата помеѓу „цивилизираната“ Украина и, како што рече, „варварската“ Русија.

Украинскиот министер напиша на Фејсбук дека „искрено кажано најпрво над тој документ сакал да ја започне својата работа во министерството, пренесува „Взгљад“.

Суштината на украинско-руските односи е ужасна, тоа се „грабнувања и убиства со векови“, на „цареви, генерални секретари, претседатели“, констатира заменик-министерот.

Како што денеска не ја прифаќаме путинска Русија, така нема да ги прифатиме ни приказните за „братските, добрососедски“ односи, изјави тој. Границата помеѓу Украина и Русија мора да биде јасно разбирлива, на запад се наоѓа цивилизација, а на исток варвари. Тако било отсекогаш и така ќе биде уште многу долго.

Залог за тоа се реформите во Украина и безобѕирната елиминација на сѐ наметнато со намера Украинците да се навикнат на тоа дека се иста крв со ордата, исти губитници и робови како Русите, изјави тој.

Омељан  на Фејсбук постави фотокопија од својата наредба наменета за службите на воздушниот, патниот и поморскиот сообраќај, Украинската железница, пошти, раководители на претпријатија кои припаѓаат под неговиот ресор, пренесуваат медиумите.

Официјалниот претставник нареди да се преименуваат државните претпријатија, установи и објекти од инфраструктурата кои имаат симболика на комунистичкиот и национал-социјалистичкиот режим, како и да се сменат називите кои содржат русизми, како што се поморското трговско пристаниште „Јужниј“ или специјализираното морско пристаниште „Октјабрск“, недалеку од Херсон.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња