„Канцеларката може да ги укине и Шенгенскиот договор и владејачката коалиција“, рече претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков во својот осврт на последиците од ултиматумот кој премиерот на Баварија Хорст Зехофер ѝ го постави на канцеларката Ангела Меркел поради ситуацијата со мигрантите на германската граница.
„Премиерот на Баварија Зехофер ѝ постави на Меркел ултиматум поради бегалците. Во либералната опседнатост таа може да ги растури и Шенген и владејачката коалиција“, напиша на својот Твитер профил Пушков.
Хорст Зехофер, премиер на германската покраина Баварија и шеф на Христијанско-социјалната унија, која со Христијанско-демократската унија ја чинат владејачката коалиција, ѝ постави ултиматум на канцеларката Ангела Меркел ветувајќи дека доколку таа не обезбеди ред на германските граници во наредните две недели, тој ќе поднесе тужба до Уставниот суд на Германија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче