Градоначалникот Владимир Евланов потсети дека Краснодар официјално може да биде прогласен за милионски град дури по пописот на населението. Пописот во 2010 година утврди дека Русија има 12 мегалополиси. Според податоците на Федералната служба за статистика (Росстат), главниот град на Кубањ тогаш имаше 744900 жители и го заземаше 17 место во земјата, пишува порталот „Вокруг света“.
Последниве години број на население на Краснодар нагло порасна. Според официјалните статистички податоци од јануари 2016 година, Краснодар има 950000 жители, вели градоначалникот.
„Но, ако ги земеме предвид податоците од полицијата, медицинските служби и фондот за пензиско осигурување, во градот имаме преку еден милион и двесте и педесет илјади души“, тврди Евланов.
Според податоците од пописот на населението од 2010 година, Русија има 12 милионски градови. Првите три најнаселени се Москва (11,514 милиони жители), Санкт Петербург (4,848 милиони) и Новосибирск (1,473). 25 руски градови имаа од половина милион до еден милион жители.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче