Економски триумф на Русија во Сирија

До август оваа година се потпишани договори за извоз вредни вкупно 40 милијарди долари, а кон средината на декември, кон крајот на годината, оваа сума достигна 57 милијарди долари, пишува познатиот публицист и блогер Дмитриј Лекух за аналитичкиот портал „На линија”.

Испадна дека првиот комплетен триумф на руското оружје во Сирија е мошне индиректен: по борбените дејствија во оваа земја, на светскиот пазар нагло порасна интересот за руските системи за вооружување, пишува познатиот публицист и блогер Дмитриј Лекух за аналитичкиот портал „На линија”.

До август оваа година се потпишани договори за извоз вредни вкупно 40 милијарди долари, а  кон средината на декември, кон крајот на годината, оваа сума достигна 57 милијарди долари, пишува аналитичарот.

За споредба да кажеме дека 17 милијарди долари, за колку што е зголемена вредноста на нарачките во извозот на руската одбранбена индустрија, е висината на вкупната помош која Украина ја добива од ММФ за неколку години однапред.

И тоа е мошне очигледен одговор на нашата „либерална опозиција“ која непрестајно крева паника во врска со „влегувањето во уште една скапа воена авантура“. Притоа треба да се потсетиме дека руските Воздушно-космички сили не бараа дополнителни средства за „војната во Сирија“, туку дека сѐ е во рамките на годишниот буџет.  

„Притоа треба да се истакне еден важен факт: без сомнение, руската авијација, морнарицата и ПВО не се наоѓаат на територијата на Сирија за рекламни цели, туку во рамките на антитерористичката операција која е од витално значење за нашата земја. ИД е директна и очигледна закана и за безбедноста на нашите граѓани и за територијата на нашата земја“, пишува Лекух. Тој додава дека овој случај покажува дека понекогаш правилните и добри дела носат и директна економска добивка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња