Медиум: Русија и САД се вовлечени во еден од трите светски конфликти

Денеска нема причини да се смета дека во светот беснее трета светска војна со која многумина политолози ги плашат луѓето, смета колумнистот на италијанскиот весник „Ил Џорнале“ Франческо Алберони.

Во сегашната ситуација во светската политика не треба да се применува терминот трета светска војна, пишува колумнистот на италијанскиот весник „Ил Џорнале“ Франческо Алберони, пренесува РИА „Новости“.

Имајќи предвид дека во текот на двете светски војни повеќето земји војувале во коалиции едни против други, сегашната состојба не треба да се карактеризира како трета светска војна, затоа што до денес таков судир меѓу два непријателски блока нема, смета аналитичарот.

„Затоа нема никаква трета светска војна, како и многубројни регионални војни кои не се поврзани едни со други. Во светот се активни три конфликти кои можат да провоцираат војни“, пишува тој.

Според мислењето на Алберони, прв од тие конфликти е конфликтот меѓу САД и Русија.

„По падот на Берлинскиот ѕид, Амерка се исплаши дека економскиот сојуз меѓу западноевропските земји и Русија, која поседува огромни територии во азискиот регион, може да стане премногу моќен и затоа направи сѐ да ја откине Русија од Европа, а потоа да ги насочи и двете против исламските држави“, смета тој.  

Вториот конфликт е поврзан со повторното раѓање на револуционерно расположение во исламскиот свет, пишува колумнистот. Во многу земји се појавија радикални движења чии учесници се стремат да им се вратат на своите извори.

Третиот конфликт е внатре во самиот исламски свет – меѓу шиитите и сунитите. Таа војна се води во Ирак, Сирија и Јемен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња