Анкара ќе поднесе жалба против Русија во СТО

Турција почна да собира докази за загубите што ги претрпе бизнисот поради мерките за ограничување воведени од Русија, изјави министерот за економија Мустафа Елиташ, додавајќи дека спорот ќе се решава пред меѓународни судови.

Анкара се подготвува да поднесе жалба во Светската трговска организација (СТО) поради мерките на ограничување воведени од Русија, изјави за весникот „Дејли Сабах“ министерот за економија на Турција Мустафа Елиташ, пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, во моментов се собираат докази. „Ние пред меѓународните судови ќе ги повратиме правата на сите оштетени... Трговијата треба да има морална основа“, изјави политичарот.

По воведувањето на санкциите од страна на Русија, турскиот бизнис трпи значителни загуби како во производствениот, така и во туристичкиот сектор на економијата. Анкара планира да го пренасочи својот извоз кон Кенија, Нигерија и други африкански земји, пишува изданието.

Претходно заменик-министерот за економски развој на Русија Алексеј Лихачов прогнозираше дека трговската размена меѓу Москва и Анкара нема да ја надмине сумата од 18-19 милијарди долари, што претставува најмал показател последниве години.  


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња