Доколку Украина го нападне Донбас под изговор дека „Минската спогодба“ истекла од први јануари, иако во суштина таа продолжува и во 2016 година, Русија би била принудена со војска официјално да влезе во ЛНР и ДНР за да ги заштити сонародниците, изјави Денис Денисов, раководител на Киевската филијала на Институтот на земјите на ЗНД.
Примирјето, како што е познато, во целост не се почитува, смета Денисов. Конфликтот најверојатно ќе продолжи од први јануари. Друго е тоа што денес не можат а да не предизвикаат загриженост бројните изјави дадени од украинска страна од луѓе кои сметаат дека од почетокот на оваа година „Минската спогодба“ престанува да важи, нагласува тој.
„Но ние одлично знаеме дека во услови на изразени економски тензии украинската власт би можела само со тоа да ги оправда своите дејствија“.
Ако Украина од први јануари ја обнови офанзивата, тоа секако ќе претставува кршење на „Минската спогодба“. Но, според мене, прашање е дали ќе има таква офанзива, затоа што во Украина одлично знаат дека доколку дојде до такво сценарио Руската Федерација нема да има никаков друг избор освен да ги испрати своите регуларни единици и на тој начин да го прекине таквиот подвиг“, вели Денисов, а пренесува „ДНР 24“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче