Русија ќе му испорача на Египет систем за одбрана од противвоздушни ракети

Русија ќе му испорача на Египет одбранбени системи „Президент-С“, наменети за заштита на авијацијата од противвоздушни ракети, изјави првиот заменик-директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ Игор Насенков.

„Президент-С“ е систем за оптичко-електронско попречување кој може да го заштити леталото од ракети опремени со термичка глава за самонаведување (реагираат на топлината на авионски или хеликоптерски мотор). 

„Постои договор и ние работиме според тој договор. Испораката ќе почне во најскоро време“, ги пренесува ТАСС зборовите на Насенков.

Одбранбени комплекс „Президент-С“ е наменет за индивидуална одбрана на воени и цивилни авиони и хеликоптери од ракетни системи, како и од артилериски ПВО системи базирани на копно или море. Со „Президент-С“ се опремуваат и хеликоптерите Ка-52, Ми-28 и Ми-26.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња