„Њујорк Тајмс“: Русија ја зголемува воената моќ

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ анализираше на кој начин Русија ја зголемува својата моќ.

Русија значително ја зајакнува својата моќ, што доведува до заладување на односите со Западот, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

„Русија ги зајакнува своите вооружени сили и се позиционира на светската сцена во размери невидени од времето на студената војна“, пишува весникот, а пренесува РИА „Новости“.

Понатаму изданието набројува какви конкретно мерки Русија презема за воспоставување на своето влијание.

На пример, се наведува дека Русија гради нови и ги проширува старите бази на Арктикот. Исто така, воениот буџет на Русија во 2015 година беше за 11 милијарди долари поголем отколку во 2014. Како трет фактор се јавуваат маневрите, како планираните, така и ненајавените, во кои вкупно биле вклучени над 100 илјади војници. „Тие настани служат за борбена подготовка на силите и за демонстрација на воената моќ пред светот“, пишува весникот.

Во статијата се наведува и учеството на руската војска во операциите во Сирија.

Како заклучок се укажува и на активната модернизација на руската воена техника. „РФ ја купува, обновува и разработува својата воена техника, со намера да модернизира 70% од своите вооружени сили до 2020 година“, објаснува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња