Русија заврши со опремувањето на шест воени бази на Арктикот

Новоизградените комплекси на сите шест бази до Нова година ќе примат „стотици руски војници”.

Опремувањето на шесте руски воени бази на Арктикот е практично завршено, соопшти високопоставен извор во рускиот Генралштаб.

„Согласно директивите на Генералштабот, на 1 декември практично е завршена работата на распоредувањето и опремувањето на шест воени бази на арктичките острови и на континенталниот дел на Русија“, изјави изворот во текот на Петтиот меѓународен форум „Арктик: сегашност и иднина“.

Тој потсети дека базите се изградени на островите Котелни (Новосибирски острови), Земјата на Александар (дел од архипелагот Земјата на Франц Јозеф), Средни (Северна Земја), како и во населбата Рогачево (Нова Земја), на ‘ртот Шмит и на островот  Врангел (во состав на Чукотскиот автономен округ).

„На овие острови и на ‘ртот веќе се изградени или реконструирани основните инфраструктурни објекти, вклучувајќи административно-станбени комплекси, аеродроми, борбени позиции на арктичките единици“, објасни изворот, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, новоизградените комплекси на сите шест бази до Нова година ќе примат „стотици руски војници“.

Во текот на 2016 година војската ќе продолжи да ја гради и унапредува арктичката инфраструктура, како и да ги комплетира воените формации на северот со војници, вооружување и техника.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња