Германија ги наведе условите за реализација на „Северен тек-2“

Гасоводот „Северен тек-2“ би можел да биде економски исплатив не само за Германија, туку и за Франција и за останатите земји на Европската унија, изјави вицеканцеларот на Германија Зигмар Габриел.

За реализација на проектот на гасоводот „Северен тек-2“ постојат низа услови, но Германија е заинтересирана за овој проект, изјави вицеканцеларот на Германија Зигмар Габриел.

„Северен тек-2” спаѓа во сферата на германските интереси, во тоа се согласувам со федералната канцеларка“, истакна Габриел.

Тој додаде дека гасоводот „Северен тек-2“ би можел да биде економски исплатив не само за Германија, туку и за Франција и за останатите земји на Европската унија, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, притоа постојат низа „политички услови” кои се неопходни за реализација на проектот.

Помеѓу другото, Русија треба да ја гарантира енергетската безбедност на Источна Европа и да се придржува до европското законодавство при реализацијата на проектот.

Габриел смета дека руската страна „го прифаќа тоа и бара конструктивни решенија”.

По Самитот на ЕУ во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа проектот, но изјави дека Украина треба да ја задржи важноста како транзитна земја за рускиот гас.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.